Линкови за пристапност

Сослушување на Фредерика Могерини пред Европскиот парламент


Могерини е предложена за висок претставник за надворешна политика

Фредерика Могерини, која е предложена за висок претставник за надворешна политика, попладнево беше сослушувана од пратениците на Европскиот парлемент, членови на Комитетот за надворешна полтика. Во својот настап пред европските пратеници Могерини нагласи дека проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните прокети на ЕУ кој треба да продолжи.

Зачленувањето на земјите од Балканот и Турција во ЕУ е гаранција за ефикасна трансформација, изјави Могерини. Во текот на петчасовното сослушување речиси и да немаше прашања од европратениците во врска со проширувањето на ЕУ. Најголемиот број на прашања се однесува на актуелната криза во односите на ЕУ со Русија.

Могерини во врска со ова изјави дека не постои воено решение за проблемот. Според неа возможно е влошување на кризата. Решението треба да го бараме во соработка со Украина. Како решение таа рече дека не ја исклучува можноста за воведување на построги санкции кон Русија.

Треба да даде јасна поддршка на украинското раководство кое бара политичко решение за оваа криза, изјави Могерини. Таа потенцираше дека обезбедувањето на територијалниот интегритет на Украина е предуслов за нормализација на односите со Русија.

На прашањето на европратеникот Ричард Ховит што ќе направи ако пресретне “руска мечка” Могерини одговори дека во овој случај на ЕУ и е потребна ригидност и дипломатска умешност.

Могерини изјави дека Русија со она што сега го прави сака да покаже дека европскиот избор е лош.

Затоа ние треба да покажеме дека европскиот избор е избор кој носи подобар живот, изјави Могерини залагајќи се за поконкретни активности на ЕУ.

Во таа смисла Могерини потенцира дека ЕУ ги има на располагање сите неопходни инструменти и финансиски средства, но дека и` е потребна поголема координација.

Могерини на прашањата за тоа како ЕУ ќе се грижи за почитување на човековите права одговори дека поскакува ЕУ да има висок представник за човекови права.

Зборувајќи за партнерствата на ЕУ, Могерини рече дека САД и НАТО остануваат стратешки партери. Во тој контекст Могерини најви дека доколку биде избрана во првата недела од својата функција ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО.

XS
SM
MD
LG