Линкови за пристапност

Светска банка: Економскиот растеж на Кина ќе забави


Индија се очекува да има поголем растеж, а од тоа ќе имаат корист и други држави во Јужна Азија

Експерти на Светската банка велат дека економскиот растеж на Кина, најверојатно ќе забави на 7,4 проценти годинава, а поголемо забавување се очекува следната година.

Кина е втора најголема економија во светот и промените во стапката на растеж ќе се одразат врз економиите на многу нации коишто продаваат добра и услуги.

Денешниот извештај посочува дека освен Кина, се очекува поголемекономски растеж меѓу источноазиските нации следната година. Стручњаците ги повикаа нациите од Источна Азија да помогнат за поголем економски растеж со намалување на бариерите за домашни инвестиции и со поголем акцент на извозот.

Друг извештај на Светската банка посочи дека во Индија се очекува зголемен растеж, надминувајќи ја стапката од шест проценти следната година, а ќе продолжи дури и со поголемо темпо во 2016-та. Индискиот успех може да им помогне и на другите источноазиски нации.

Институтот Брукингс и Фајненшал тајмс, неодамна ги анализираа економските податоци и глобалните проблематични места и наведоа дека економската обнова е „несигурна“ и премногу зависна од континуираното проширување во САД.

Голем број економски извештаи де објавуваат во време кога официјални лица од светот се собираат во Вашингтон на годишните средби на Светската банка и ММФ неделава. Меѓународниот монетарен финд треба да го објави обновениот извештај за прогнозата на економските текови во вторник.

XS
SM
MD
LG