Линкови за пристапност

Респираторен вирус поврзан со четири смртни случаи


Најмалку 500 лица во САД заболеле од ентеровирусот 68

Американски здравствени претставници јавија дека најмалку четири лица починале од респираторен вирус што се проширил низ државата. Официјални лица од американските Центри за контрола и превенција на болести објавија дека не е јасно каква улога играл вирусот, познат како ентеровирус 68, во смртта на лицата, меѓу кои е и 10-годишно девојче.

Агенцијата објави дека најмалку 500 лица во 42 сојузни држави, вклучувајќи го и главниот град на САД се заболени од овој вирус, и дека повеќето од нив се деца.

Вирусот предизвикува треска, кашлање и други симтоми коишто може да водат до проблеми со дишењето, особено опасни за лицата кои со астма.

XS
SM
MD
LG