Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд повика на „одлучна акција“ во борбата со вирусот на еболата што досега уби 3.300 луѓе во Западна Африка.
На конференција во Лондон, тој рече дека таква акција може да спаси стотици илјади лица и да спречи понатамошно ширење на кризата. Британија и Сиера Леоне организираа меѓународен настан за обезбедување поголема поддршка спроти донаторската конференција закажана за крајот од месецот.
Светската здравствена организација јави дека од ебола се инцифирани 7.100 лица, од кои најголем дел во Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија.