Продемократските демонстранти во Хонг Конг се заканија дека ќе заземат владини згради ако извршниот орган кој што има блиски врски со Пекинг не поднесе оставка.
Студентите дадоа рок до полноќ на локално време на Леунг Чун-Јинг да поднесе оставка.
Тој не нуди оставка туку и одбива да се сретне со демонстрантите кои бараат Пекинг да им овозможи фер гласање на изборите во 2017-та.
Сепак, комунистичката партија сигнализираше дека не е подготвена за компримис. На воведник на насловната страница од весникот „Пиплс дејли“, што е продолжена рака на партијата, напишаа дека централната влада е „многу задоволна“ од работата на Леунг Чун-Јинг.