Линкови за пристапност

Сирија ја критикува „двојната политика“ на САД спрема милитантите


Зборувајќи пред Генералното собрание на ОН Министерот за надворешни работи на Сирија кажа дека со поддржување на некои од нив се разгорува екстремизмот.

Сирискиот министер за надворешни работи ги обвини САД за имање „двојна политика“ спрема анти-владините милитанти во неговата држава со тоа што против некои се бори, а други ги поддржува.

Зборувајќи пред Генералното собрание на ОН, Валид ал-Муалем кажа дека неговата влада стои со меѓународните напори за борба против групата Исламска држава.

Но, зборувајќи за анти-владините групи што Вашингтон ги гледа како умерени, тој кажа дека со нивно поддржување се креира „плодна почва“ за натамошен растеж на екстремизмот во регионот.

Сега во четврта година на граѓанска војна, Сирија е една од двата фронта каде коалицијата предводена од САД ги бомбардира екстремистичките милитанти во напор да ги истисне назад.

Курдските локални паравојски во Северна Сирија продолжија да се судираат со силите на Исламската држава во понеделникот бранејќи го градот Кобане во близина на границата со Турција.

Борците креираат егзодус на сириски Курди во Турција, која го зајакна военото присуство на границата.

XS
SM
MD
LG