Линкови за пристапност

Женева: Над 40.000 мигранти загинале бегајќи од 2000-та наваму


Меѓународната организација за миграција издаде извештај на 200 страници наречен „Фатални патувања“

Меѓународната организација за миграција најде дека повеќе од 22.000 мигранти од 2000-та наваму го загубиле животот на опасни рути преку Медитеранот. Освен тоа, регионот поставил рекорд во 2014-та за загубените животи.

Организацијата известува дека повеќе од 3.000 мигранти умреле обидувајќи се годинава да го минат Медитеранското Море во слаби шверцерски бротчиња. Ова сочинува 75 проценти од над 4.000 смртни случаи на мигранти регистрирани насекаде во светот оваа година.

Агенцијата смета дека напливот на смрни случаи е заради растечките конфликти на Блискиот Исток и хаосот низ Северна Африка и Западна Африка.

Агенцијата вели дека бројот на смртни случаи меѓу мигрантите е многу поголем отколку што покажуваат податоците.

Агенцијата повикува за крај на, како што вели, „епидемијата на криминал и виктимизација“ на шверцерите и трафикантите кои искористуваат очајни и ранливи луѓе.

XS
SM
MD
LG