Линкови за пристапност

Премиерот на Индија во посета на Белата куќа


Нерендра Моди ќе има дводневни разговори со претседателот Обама.

Новиот премиер на Индија, Нерендра Моди, ќе ја посети Белата куќа во понеделник за првиот од два дена на средби со американскиот претседател Барак Обама.

Новиот индиски лидер беше третиран како рок-ѕвезда во неделата на прием во Њујорк кога толпа Американски Индијци го поздравија Моди на неговата прва посета на САД.

Повеќе од 18.000 Американски Индијци топло го поздравија новиот премиер додека зборуваше од ротирачка бина на Медисон Сквер Гарден.

Моди ги увери индиските експатријати дека неговата влада „нема ништо да стори“ да ги разочара. Индискиот лидер кажа дека има „атмосфера на надеж и ентузијазам“ во неговата држава.

XS
SM
MD
LG