Линкови за пристапност

Демонстрации во Хонг Конг


Демонстрантите се дел од масовното движење на граѓанска непослушност кое повикува на помала политичка интервенција од Пекинг.

Десетици илјади демонстранти во Хонг Конг не ги почитуваат владините барања да ги напуштат улиците за да дозволат одвивање на јавниот сообраќај.

Со соопштение од понеделникот, владата ги повика демонстрантите мирно да ги напуштат областите каде протестираат. Соопштението исто така кажа дека властите на Хонг Конг ги повлекуваат полицајците за смирување нереди, зашто про-демократските протести изгледа дека се смируваат.

Сепак, само неколку часа подоцна, огромна толпа луѓе остана на улиците, затворајќи ги главните раскрсници. Многу бизниси затворија во понеделникот.

Во судири преку ноќта, полицијата во опрема за смирување нереди употребила солзавец и пендреци во обид да ја растера толпата. Неколкумина биле повредени во судирите.

Толпа луѓе продолжи со демонстрциите околу главната владина зграда во Хонг Конг игнорирајќи ги пораките од студентите и про-демократските лидери да се повлечат заради стравување дека полицијата може да употреби гумени куршуми.

Судирите од неделата дојдоа кусо време откако раководителот на извршната власт на Хонг Конг кажа дека владата ќе започне нова рунда разговори за изборна реформа. Тој не даде временска рамка за кунсултациите.

Демонстрантите се дел од масовното движење на граѓанска непослушност кое повикува на помала политичка интервенција од Пекинг во поранешната британска колонија.

Берзата на Хонг Конг, Хенг Сенг, падна за 1,9 проценти во понеделникот по судирите за време на викендот.

Про-демократските активисти беа запрепастени кога Кина реши сите кандидати за изборите во 2017 да мора да бидат потврдени од комисија што е наклонета на Пекинг.

XS
SM
MD
LG