Линкови за пристапност

ЕУ постави нови санкции спрема Русија заради Украина


Санкциите беа договорени минатата недела но стапувањето во сила беше одложено да се следи почитувањето на примирјето.

Европската унија постави нов пакет економски санкции против Русија заради нејзините акции во Украина.

Новите санкции влегоа во сила во петок и целта се руски нафтени и одбранбени фирми. Последните европски рестрикции исто така се однесуваат на поединци, вклучувајќи руски фигури и украински бинтовници.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј кажа дека санкциите може да бидат дополнети, суспендирани или укинати, во целост или делумно, откако ќе се ревидира прекинот на огнот во Украина до крајот на септември.

Русија веднаш кажа дека ќе се одмазди за новите санкции, но не даде детали. Последните денови руските претставници се заканија дeка ќе забранат американски авиокомппании да летаат во руски воздушен простор, потег што може да принуди на заобиколни рути што ќе бидат скапи за летовите до Источна Азија.

На самитот на европските лидери минатата недела беа договорени новите санкции но нивното имплементирање одложено за да се види дали примирјето меѓу украинските сили и проруските сепаратисти се одржува.

XS
SM
MD
LG