Линкови за пристапност

ОН: Штетните гасови на рекордно високо ниво


Светската здравствена организација вели дека меѓу 2012 и 2013 имало најголемо зголемување на емитуван јаглероден диоксид за последните 30 години.

Обединетите нации велат дека се` поголемата емисија на јаглероден диоксид, концентрацијата на штетни гасови во атмосферата со ефект на стаклена градина било на рекордно високо ниво минатата година.

Во годишниот извештај за концентрација на штетните гасови објавен во вторник, Светската метеоролошка организација вели дека нивото на јаглероден диоксид меѓу 2012 и 2013 било најголемо годишно зголемување откако глобалните мерења започнале пред 30 години.

Голем процент од емитираното количество на јаглеродниот диоксид е апсорбиран од океаните.

Во соопштение објавено заедно со извештајот Светската метеоролошка организација предупредува дека ова ќе има кумулативен ефект на глобалното затоплување и зголемувањето на киселината во океаните.

XS
SM
MD
LG