Економистите предвидуваа дека извештајот на американската влада ќе покаже 220.000 нови работни места минатиот месец.
Извештајот, објавен во петок, исто така покажува дека стапката на невработеност паднала на 6,1 процент од 6,2 проценти во јули, што значи дека помалку луѓе барале работа.
Повеќето економисти не антиципираат дека американската Централна банка, Федералните резерви, ќе ги зголеми краткорочните каматни стапки во блиска иднина. Економистите генерално очекуваат кревање на каматните стапки до средината на 2015. Краткорочните, што ги контролираат Федералните резерви, беа близу нула за последниве шест години.
Глобалните пазари на акции паднаа во петокот пред да биде објавен извештајот за работни места во САД. Јапонскиот јен падна на најниско ниво за шест години.