Линкови за пристапност

Груевски го критикува раководството на СДСМ


СДСМ најавува бурна есен и нови докумети за компромитирање на власта

По пресудата на Основниот суд во Скопје во процесот Груевски против Заев, премиерот се огласи во интервју за неделникот Република. Тој оценува дека тоа што Заев го прави како лидер на опозицискиот СДСМ е под влијание на некои личности за кои вели дека имаат сопствени интереси, што се спротивни на интерсите на Република Македонија.

„Заев води битка на која по мое мислење, големо влијание имаат неколку личности кои се чини доминираат над претседателот на таа партија. Тие се во уредништвото на некои опозициски медиуми финасирани од Сорос. Не е тешко да се претпостави што ќе каже Заев ако претходно се следат два три лика во СДСМ. Нивните колумни и искази во медиумите се водилка за Заев. Така јас на пример кога отидов на средба со Заев во јуни или јули утрината и претходниот ден прочитав некои колумни и ставови и 90 проценти имав конципирано што да очекувам од таа средба“, вели Груевски во интервјуто за весникот.

Од своја страна портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во интервју за НОВА нагласи дека „исходот од судското рочиште кое е резултат на политичко влијание врз судот, нема да ја поколеба СДСМ да продолжи по својот пат.“

Шилегов во ова интервју најави дека СДСМ наскоро во јавноста ќе истапи во нови документи со кои „ќе се разоткрие власта на Груевеки“ одбивајќи да соопшти за какви документи станува збор.

Шилегов во интервјуто вели дека СДСМ има едиствена цел да ја мобилизира јавност за да се врати демократијата во Македонија и на државата да и` се овозможи да биде модерна европска држава.

XS
SM
MD
LG