Илјадници лица се очекува да присуствуваат на погребот на Мајкл Браун во Сент Луис – црн невооружен тинејџер, порано месецов убиен од бел полицаец.
Осумнаесет-годишниот Браун беше застрелан од полицаецот Дарен Вилсон по препирка на 9-ти август во предградието на Сент Луис, Фергусон.
Погребот ќе се изведе под засилено полициско обезбедување заради стравување од обнова на немирите. Во Фергусон деновиве е релативно мирно, по речиси двонеделните немири.
Бројни предводници на граѓански права се очекува да присуствуваат на погребот, вклучувајчи го и свештеникот Ал Шарптон. На настанот ќе присуствуваат и тројца претставници од Белата куќа.
Во моментов постојат спротиставени гледишта за инцидентот. Полицијата вели дека Браун бил тој што нападнал за време на препирката со Вилсон, но сведоци тврдат дека пукањето не било испровоцирано и дека Браун се обидел да се предаде.