Линкови за пристапност

Хронични болести на белите дробови и ракот


Нова студија нашла зголемен ризик од рак на бели дробови ако лицето патело и од бронхитис, пневмонија и емфазема.

Голем број сериозни болести на белите дробови може да го зголемат ризикот за развивање на рак на бели дробови, иако истражувачите нагласуваат дека не нашле докази оти болестите предизвикуваат рак.

Во анализа на дата на повеќе од 25 илјади лица, истражувачите нашле дека луѓе кои имале хроничен бронхитис, емфазема и пневмонија имале зголемен ризик од развивање рак на бели дробови. Страдање од сите три се сведува на поголем ризик отколку кога се има само хроничен бронхитис.

Астма и туберкулоза не се асоцирани со поголем ризик за рак. Наоѓањата се објавени во журналот American Respiratory and Critical Care Medicine.

XS
SM
MD
LG