Линкови за пристапност

Украина започнува инспекција на руската помош


Киев е загрижен дека Москва може да се обидува да го искористи конвојот за лансирање на тајна инвазија или повторно наоружување на проруски бунтовници

Украински официјални лица велат дека започнале со инспекција на рускиот конвој за кој Москва вели дека носи хуманитарна помош за источна Украина.

Киев е загрижен дека Москва може да се обидува да го искористи конвојот за лансирање на тајна инвазија или повторно наоружување на проруски бунтовници кои неодамна претрпеа порази.

Тие грижи беа засилени во петокот кога британски медиуми известија дека голема колона на руски армирани носачи на персонал и други возила ја минале границата и влегле во Украина.

Телеграф и Гардијан велат дека руски армиски возила биле видени на околу 30 километри од местото каде рускиот конвој со помош бил запрен за инспекција.

Ниту руски ниту украински официјални лица ги потврдија извештаите. Москва долго е обвинувана за наоружување на бунтовниците.

Русија негира директно наоружување на бунтовниците, велејќи дека конвојот од 300 камиони има единствена цел да помогне да се олесни страдањето во источна Украина.

Претставници на меѓународни хуманитарни организации велат дека во поголем дел од регионот, вклучувајќи ги и градовите Донецк и Луханск, имаат недоволно медицински резерви, вода и струја, додека украинските владини сили притискаат со нивната офанзива да стават крај на бунтовништвото од страна на проруските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG