Линкови за пристапност

Лекари без граници: Еболата се движи пребрзо


СЗО предупреди дека величината на епидемијата е „широко“ потценета

Раководителот на меѓународна група за медицинска помош вели дека епидемијата на ебола во Западна Африка се движи побрзо отколку што на неа може да се одговори.

Претседателката на Лекари без граници Џоан Лу вели дека во зафатените држави изгледа како да е војна заради стравот од вирусот. Таа исто така предвиде дека ќе се потребни околу шест месеци болеста да се стави под контрола.

Лу зборуваше во петок во Женева, по 10-дневно патување во Западна Африка. Таа кажа дека посилно лидерство е потребно од Светската здравствена организација за справување со кризата.

Во четврток, СЗО предупреди дека величината на епидемијата е „широко“ потценета.

Агенцијата на ОН вели дека 1.069 луѓе умреле од eбола оваа година во Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне. Вкупната цифра на случаи е нешто под 2.000.

XS
SM
MD
LG