Линкови за пристапност

Низ САД одржани собири во чест на жртвите на полициско насилство


Претседателот Барак Обама кажа дека нема оправдување полицијата да користи претерана сила против мирољубиви протести.

Илјадници лица одржаа протестни собири низ САД во сеќавање на невооружениот црн тинејџер фатално застрелан од полицаец во државата Мисури.

Собири за солидарност се одржаа во стотина градови во четвртокот, а демонстрантите со минута молчење му оддадоа почит на 18-годишниот Мајкл Браун и други кои умреле од рака на полицијата.

Порано во четвртокот, претседателот Барак Обама поттикна на смиреност кога полицијата ја промени нивната реакција на насилните протести во сојузната држава Мисури, каде Браун бил убиен.

Полицијата и демонстрантите се судираа речиси секој ден по смртта на Браун на 9-ти август во градот Фергусон, предградие на главниот град.

Обама кажа „никогаш немало оправдување за насилство против полицијата, или за оние кои сакаат да ја искористат трагедијата како покритие за вандализам и ограбување“.

Тој кажа дека нема оправдување полицијата да користи претерана сила против мирољубиви протести или да затвора демонстранти заради законско практикување на нивните права од Првиот амандман.

Во четвртокот, гувернерот Џеј Никсон нареди државната полиција да го преземе обезбедувањето локалната полиција, што беше предмет на силна критика за нивната реакција на демонстрациите. Тој кажа дека фактот што Фергусон изгледа како „воена зона“ по нередите е „неприфатливо“ и дека полицијата треба да го промени пристапот.

Властите во четврток повторно одбија да го идентификуваат полицаецот во прашање ниту пак сакаа да потврдат дали полицаецот е белец. Сведоци велат дека бел полицаец го застрелал црниот тинејџер повеќе пати додека младиот човек се обидувал да се предаде со рацете кренати во воздух.

XS
SM
MD
LG