Линкови за пристапност

Папата Францис вели за корејско помирување е потребен дијалог


Во време на неговото пристигнување во Сеул, Северот испука проектили

Папата Францис, на почетокот на неговата петдневна посета на Јужна Кореја кажа дека дијалог, а не покажување сила, ќе помогне да се донесе мир на Корејскиот полуостров.

Забелешките дојдоа откако Северна Кореја испука пет проектили во море, во речиси исто време кога авионот на папата пристигнуваше во Сеул рано во четврток.

Одбранбени претставници на Сеул велат дека проектилите биле испукани оф пристанишниот град Вонсан и патувале 220 километри пред да паднат во океанот во близина на источниот брег.

За време на патувањето, Францис ќе присуствува на фестивал на католичката младина и миса за мир и помирување на поделениот и полн со тензии Корејски полуостров.

Северот одби да испрати делегација на мисата на папата, изразувајќи лутина заради воените вежби на САД и Јужна Кореја што претстојат.

Како и сите други религии во Северна Кореја, на католицизмот е дозволено да постои под многу стриктни ограничувања. Како резултат на тоа, не е јасно колку севернокорејци практикуваат католичка вера.

Патувањето на папата во Јужна Кореја исто така ги нагласува тензиите меѓу Ватикан и Кина, кои немаат дипломатски релации.

Додека авионот летал над кинескиот воздушен простор, папатаа Францис му испратил порака на претседателот Ши Џинпинг нудејќи благослов за мир и добросостојба на нацијата.

XS
SM
MD
LG