Линкови за пристапност

САД нашле помалку бегалци на ирачката планина отколку што се мислело


Американска акција на евакуација сега е помалку веројатна

Американскиот оддел за одбрана вели дека мисијата за евакуирање на бегалци од планина во северен Ирак е „далеку помалку веројатна“ по проценката дека има помалку бегалци во областа отколку што се мислело.

Секретарот за одбрана Чак Хегел, зборуваше пред новинари доцна во средата, посочи на ефектите од американските воздушни напади против групата Исламска држава и доставувањето по воздушен пат на хуманитарна помош за да се помогне во подобрување на ситуацијата на Планината Синџар.

„Не само што има помалку луѓе таму горе, туку тие се во релативно добра состојба, и тие луѓе беа благодарни за нашите напори со вода и храна и што им дадовме простор и време со воздушните напади врз ИСИЛ, така што се` се тоа добри вести“, рече Хегел.

Ирачките Курди и други малцинства побарале засолниште на Планината Синџар пред смртоносните напади на милитантите во големи региони во близина на сириската граница.

XS
SM
MD
LG