Линкови за пристапност

Обама поттикнува на смиреност по инцидентот во Фергусон


Тој ги поттикна жителите да пружат утеха еден на друг „на начин што заздравува, а не отвара рани“.

Американскиот претседател Барак Обама е меѓу оние кои повикуваат на смиреност по немирите предизвикани од убиството на невооружен црн тинејџер од полицаец во предградие на Сент Луис во Мисури.

Лути жители во претежно црнечка населба, Фергусон, излегоа на улиците по смртта на 18-годишниот Мајкл Браун во саботата. Протестите станаа насилнички со вандализам и крадење по продавниците, како и директно судирање со полицијата.

Обама во вторникот со соопштение понуди сочувство на семејството на Браун. Тој ги поттикна жителите да пружат утеха еден на друг „на начин што заздравува, а не отвара рани“.

XS
SM
MD
LG