Линкови за пристапност

Германија и Гвинеја-Бисао реагираат на епидемијата на ебола


Германија сака нејзините државјани да заминат од зафатените држави, а Гвинеја-Бисао ги затвори границите спрема Гвинеја

Германија ги поттикнува своите државјани да ги напуштат Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија заради епидемијата на ебола во западноафриканските држави.

Министерството за надворешни работи ја соопшти владината директива во среда, но кажа дека апелот не се однесува на медицинските работници или дипломатскиот персонал.

Исто така, Гвинеја-Бисао соопшти дека ја затвора границата со Гвинеја заради страв од ширењето на еболата.

На прес конференција доцна во вторникот, премиерот Домингос Симоес Переира кажа дека јужната и источната граница со Гвинеја ќе останат затворени додека не се каже поинаку.

Исто така во среда, официјални лица во Сиера Леоне кажаа дека втор водечки лекар умрел од болеста.

Светската здравствена организација вели дека повеќе од 1.000 луѓе умреле по избивањето на епидемијата на ебола во февруари, најголем дел од нив во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Епидемијата ја натера Африканската унија да го прошири самитот во Буркина Фасо за да расправа за прашањето.

XS
SM
MD
LG