Линкови за пристапност

Се урна хеликоптер што носел помош во Ирак


Лидерот на заедницата Јазиди, Виан Дакхел, бил еден од повредените. Причината за уривањето не е позната.

Ирачки хеликоптер кој носел очајнички потребна помош на бегалците Јазиди кои бегале пред исламските екстремисти во северен Ирак, се урнал, при што загинал пилотот и повредени се други кои биле во леталото.

Хеликоптерот штотуку доставил пакети со итна помош и земал некои од бегалците кога се урнал.

Лидерот на заедницата Јазиди, Виан Дакхел, бил еден од повредените. Причината за уривањето не е позната.

Меѓународната заедница брза да достави помош до илјадници малцински Јазиди без доволно храна и вода на Планината Синџар во северозападен Ирак.

Во исто време, САД ги бомбардираат милитантите на Исламската држава за да ги држат подалеку од бегалците и да ги спречат да напредуваат понатаму на територијата на Ирак.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го повика светот да ги заштити бегалците кои бегаат пред исламските милитанти. Бан кажа дека бил згрозен од „варварските акти“ на групата додека ги зазема градовите низ источна Сирија и западен Ирак.

Курдскиот регионален претседател Масуд Барзани на американскиот потпретседател Џо Бајден по телефон му кажал дека е подготвен да работи со новиот премиер Абади во спротивставување на безбедносната закана за нацијата.

XS
SM
MD
LG