Линкови за пристапност

Актерот Робин Вилијамс мртов на 63 години


Најверојатно се работи за самоубиство, велат локалните власти, но точната причина се` уште се истражува.

Почит за актерот-комичар Робин Вилијамс кој беше најден мртов во неговиот дом близу Сан Франциско, Калифорнија, доаѓа од сите страни. Вилијамс најверојатно се самоубил, на возраст од 63 години.

Американскиот претседател Барак Обама за Вилијамс рече дека е уникатен актер кој „допрел секој елемент на човечката душа“.

Актерот Стив Мартин, кој играше со него во „Чекајќи го Годо“ на Твитер напиша дека „не може да биде поизненаден од губитокот на Робин Вилијамс, голем талент, партнер во актерство, автентичен дух“.

Локалните власти велат дека веруваат оти Вилијамс умрел од задушување, но точната причина за смртта се` уште се истражува.

Рекламниот агент за актерот во соопштение доцна во понеделникот кажа дека Вилијамс неодамна се борел со депресија. Вилијамс развил проблем со алкохол и дрога рано во неговата кариера и се пријавил во установа за рехабилитација пред само неколку недели, да му помогне да се одржи трезен.

Вилијамс беше соло комичар кога дебитираше на телевизијата во доцните 1970-ти играјќи вонземјанин во комедијата Морк и Минди. Тој преминал на филм каде доби голем број улоги, вклучувајќи ги оние во „Госпоѓа Даутфајар“, „Добро утро Виетнам“, „Друштво на мртвите поети“ и „Гуд Вил Хантинг“, за што доби Оскар за најдобар актер во споредна улога во 1998.

XS
SM
MD
LG