Линкови за пристапност

Протести и немири по убиство на црно момче од бел полицаец


Police Shooting Missouri
Police Shooting Missouri

Инцидентот се случил во предградие на Сент Луис, во Мисури, во неделата по што избиле немири

Инцидент во кој е убиен невооружен црн тинејџер предизвика протести и немири во американската држава Мисури.

Најмалку 32 лица биле уапсени по немирите од неделата навечер во близина на градот Фергусон, предградие на Сент Луис.

Официјални лица велат дека тие ќе бидат соочени со обвиненија за различни прекршувања на законот вклучувајќи напад, провала и кражба.

Насилството избувнало после собир на демонстранти на местото каде се случило пукањето.

Телевизиски извештаи покажуваат толпа на протестанти како се конфронтира со кордон на полиција за справување со немири. Подоцна, кога иницијалните демонстрации се растуриле, предизвикувачи на немири се видени како провалуваат и крадат од продавници и палат бензиска пумпа.

Градоначалникот на Фергусон Џејмс Нолс повика на смиреност и вети целосна и непристрасна истрага од локалните претставници, иако ФБИ вели дека ќе поведе одвоена истрага за инцидентот.

Осумнаесетгодишниот Мајкл Браун бил убиен во саботата за време на судир со полицаец. Деталите се нејасни.

Локални медиуми велат дека случајот ги нагласил тензиите меѓу главно црното население на предградието Фергусон и мнозинството белци во редовите на полициските сили.

XS
SM
MD
LG