Групата за човекови права Амнести Интернешенал објави извештај критикувајќи ги САД дека не успеале соодветно да ги истражат авганистанските цивилни жртви, дури и можни воени злосторства, што се случиле за време на воените операции во Авганистан.
Извештајот насловен „Оставени во темница“ набележува истрага на групата по 10 инциденти меѓу 2009 и 2013 во кои повеќе од 140 цивили – вклучувајќи бремени жени и деца – биле убиени во операции на американската армија.
Ричард Бенет, директор на Амнести за Азискиот Пацифик кажа дека ниеден од случаите што организацијата го истражувала не бил во судска постапка покрената од американската армија.
Извештајот, објавен денеска, вели дека главна пречка за постигнување правда за авганистанските жртви и нивните семејства е, како што го нарече „систем на американска армиска правда со длабоки недостатоци“.
Бенет кажа дека САД „речиси секогаш потфрла да ги земе на одговорност војниците кои сториле незаконски убиства“.
Бенет рече дека има „итна потреба“ САД да го реформираат својот армиски правосуден систем. Тој ги повика САД да научат од други држави кои направиле „големи чекори последниве години во трансформирање на нивниот армиски во цивилен правосуден систем“.
„Оставени во темница“ исто така го повикува Авганистан да обезбеди дека одговорност за незаконски цивилни смртни случаи е гарантирана во секој иден билатерален безбедносен договор потпишан од САД и од НАТО.