Линкови за пристапност

Кери и Хегел на разговори во Австралија


Разговорите ќе бидат по голема лепеза прашања што вклучуваат трговија, безбедност на водите и климатските промени.

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Австралија, каде ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана Чак Хегел за разговори со нивните австралиски колеги.

Кери, заедно со австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп, одлетал за Сиднеј во понеделник од средбата на Асоцијацијата на југоисточни азиски нации во Бурма.

Кери, Хегел и Бишоп, заедно со австралискиот министер за одбрана Дејвид Џонстон ќе се сретнат во вторник за разговори по голема лепеза прашања, што вклучуваат трговија, безбедност на водите и климатските промени.

XS
SM
MD
LG