Линкови за пристапност

Израелците и Палестинците започнаа ново примирје


Генералниот секретар на ОН го поздрави примирјето и изрази „силна надеж“ дека Израел и Хамас би можеле да го прекинат конфликтот заради цивилите.

Израел и Хамас започнаа ново 72-часовно примирје, давајќи им нова шанса на завојуваните страни да се договорат за траен крај на едномесечните борби што оставија над 2.000 мртви.

Египет посредуваше за примирјето што влезе во сила рано денеска, и е домаќин на делегации од двете страни за разговори во Каиро.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го поздрави примирјето и изрази „силна надеж“ дека Израел и Хамас би можеле да се договорат да го прекинат конфликтот заради цивилите.

Тој исто така кажа дека ОН се подготвени да помогнат во имплементирање на секаков договор што ќе донесе мир и шанса за „многу потребната обнова и развој на Газа“.

Од 8-ми јули повеќе од 1.900 Палестинци се убиени во израелски воздушни и копнени офанзиви, и 64 војници и тројца цивили на израелска страна.

XS
SM
MD
LG