Линкови за пристапност

Еболата – меѓународна закана по јавното здравје


СЗО ја означи епидемијата како вонредна состојба по која светот мора итно да постапи.

Светската здравствена организација ја означи епидемијата на ебола во Западна Африка како меѓународна вонредна состојба по јавното здравје што бара силна интервенција за спречување на ширењето на болеста.

На прес-конференција во Женева, директорката на СЗО Маргарет Чан рече дека соопштението е јасен повик за меѓународна солидарност. Таа рече дека државите што се погодени од смртоносниот вирус, „немаат капацитет да се справат со појава од ваков размер и сложеност“ повикувајќи на поголема меѓународна помош.

Што тоа конкретно ќе значи, се` уште не е јасно.

Вчера, американските Центри за спречување и контрола на болести го активираа центарот за итно постапување на највисоко ниво за да се одговори на на епидемијата. Првиот човек на организацијата Томас Фриден на распит во Конгресот кажа дека ќе бидат испратени 50 стручњаци во Западна Африка. Повеќе за распитот имаме подоцна во емисијата, а сега за другите вести.

XS
SM
MD
LG