Линкови за пристапност

Третман за Алцхајмеровата болест баран во африканско дрво


Научниците проучуваат дали може да се дојде до лек за дегенеративни болести што го напаѓаат мозокот, преку искуството на традиционалната медицина.

На Сао Томе и Принципе, традиционалните исцелители со стотици години го користеле дрвото Воаканга африкана. Тоа е мало дрво што продуцира жолти и бели цветови кои се претвораат во бобинки со семки. Семките и кората на стеблото се користеле за правење отров, афродизијак и психоделици. Но традиционалните исцелители знаеле некако дека тоа влијае и на оние за кои се верувало дека имаат пореметувања во мозокот.

Памела Махере е научник во Институтот Салк. Таа вели дека со години научниците размислувале за тоа дека растенија со векови се користеле во традиционалната медицина и дека тоа може да помогне во лекувањето на невродегенеративни билести.

Тука се вклучени Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест, како и дегенерација што се случува по мозочен удар. Се проценува дека околу пет милиони Американци живеат со Алцхајмерова болест, која е причина за половина милион смртни случаи секоја година.

Чиста случајност е што научниците се фокусирале на дрвото Воаканга африкана. Додека бил на посета на семејството во Португалија, соработник на Махер, Антонио Кураис, се сретнал со Марија до Мадуреира, истражувачка која студирала билна медицина на Сао Томе и Принципе. Тие развиле тестови да видат од што се состои растението.

Нашле дека состојки кои спречуваат воспаление има во екстрактите од дрвото, што се должи најмногу на молекула наречена воакамин. На животни се` уште не се направени тестови. Но оваа молекула може потенцијално да води кон синтетички лек за мозочни болести.

Махер вели дека има многу потенцијални извори на лекови во растенијата. Најголем дел од нив никогаш не се тестирани. Таа вели дека бидејќи не може да се тестира секое растение што постои, најдобар пристап е да се „користи знаењето што постоело со стотици години што би помогнало да се одбере што да се проучува“.

XS
SM
MD
LG