Американскиот државен секретар Џон Кери е во Авганистан во ненајавена посета да се сретне со претседателските кандидати заглавени во тешко несогласување во врска со изборните резултати.
На второто патување во државата за последниот месец, Кери се очекува да изврши притисок за решение меѓу поранешниот министер за финансии Ашраф Гани и неговиот конкурент Абдула Абдула, кој не се согласува со резултатите од вториот круг што го ставија Гани во предност.
Кери планира да се сретне со кандидатите во четврток и со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во петок пред да замине за Бурма за азиска конференција за безбедност.
Во јулската посета на Авганистан, секретарот посредуваше кај кандидатите да започнат пребројување на гласовите од јунските избори.
Американската амбасада во Кабул во четврток соопшти дека 18 проценти од близу 23.000 гласачки кутии биле ревидирани од меѓународен тим што го надгледува пребројувањето.