Линкови за пристапност

Русија постави едногодишна забрана на увоз на храна од Запад


Москва размислува и за забрана на западни авиокомпании да го користат рускиот воздушен простор.

Руската влада постави забрана на увоз на голем број прехранбени производи од САД, ЕУ и други западни нации во очигледна одмаздничка постапка заради нивните санкции спрема Москва, во врска со украинскиот конфликт.

Премиерот Дмитри Медведев санкциите ги соопшти во четврток во Москва. Забраната за увоз се вклучува месо, овошје, зеленчук и млеко и млечни производи. Прехранбените производи од Канада, Австралија и Норвешка исто така се вклучени во забраната.

Соопштението на Медведев доаѓа само неколку часа откако претседателот Владимир Путин потпиша декрет за забрана на некои производи од Европа и од САД. Премиерот кажа дека забраната за увоз ќе трае една година. Аналитичарите велат дека декретот носи потенцијален ризик за руските конзументи во државата кои во голема мерка зависат од увоз на храна.

Медведев кажа дека Москва размислува за забрана на западни авиокомпании да летаат низ руски воздушен простор на летовите до и од азиско-пацифичкиот регион.

САД и ЕУ поставија серија санкции врз Русија во врска со нејзината анексија на Кримскиот Полуостров и поддршка на про-московските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG