Линкови за пристапност

Еболата предизвика вонредна состојба во Либерија


Светската здравствена организација вели дека еболата до сега убила повеќе од 930 лица во Западна Африка

Претседателката на Либерија Елен Џонсон Сирлиф објави вонредна состојба додека епидемијата на ебола продолжува да зема стотици животи во нејзината и други држави во Западна Африка.

Во обраќање до нацијата доцна во средата, Сирлиф кажа дека Либерија мора да преземе „вонредни мерки“ за заштита на животите на луѓето и за преживувањето на државата.

Мерките вклучуваат ангажирање на безбедносни сили за одржување карантин на зафатените зони и ограничување на движењето на луѓето.

Агенцијата Ројтерс известува дека полицијата и војниците во соседната Сиера Леоне блокирале одредени рурални области во напор да спречат ширење на еболата во таа држава.

Светската здравствена организација вели дека еболата до сега убила повеќе од 930 лица во Западна Африка, главно во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја. Вкупниот број на случаи е повеќе од 1.700.

Во меѓувреме, СЗО вели дека следната недела ќе има состанок на етички панел за дискусија по користењето на експерименталниот третман за еболата.

Агенцијата на ОН вели дека користењето на лекот кај двајца Американци покренува праѓања за тоа дали нетестиран лек треба да биде употребен и ако биде употребен, кој треба да го прими.

XS
SM
MD
LG