Линкови за пристапност

Исламските милитанти заземале нова територија во северен Ирак


Според свештенството во областа десетици илјади цивили, заедно со курдските борци кои ги заштитувале, заминале.

Исламските екстремисти заземале повеќе територија во северен Ирак во четврток, преземајќи неколку главно христијански градови и принудувајќи илјадници жители во бегство.

Сведоци велат дека милитантите извеле офанзива во близина на ирачкиот полу-автономен курдски регион, заземајќи неколку градови, вклучувајќи ги Каракуш и Тал Кајф, кои имаат големо христијанско население.

Свештенството во областа вели дека десетици илјади цивили, заедно со курдските борци кои ги заштитувале, заминале.

Сунитска исламистичка група која себе си се нарекува Исламска држава, зазеде големи делови на северен и западен Ирак во јуни, прогласувајќи „калифат“ и убивајќи и протерувајќи малцински групи.

Во текот на изминатата недела, милитантите нанеле понижувачки пораз за борците на курдските борци Пашмерга, заземајќи две нафтени полиња, во близина на турската и сириската граница.

Во неделата, групата објави ултиматум за илјадници луѓе од заедницата Јазиди. Многу од нив пребегале во Сињарските планини, каде немаат пристап до храна и вода.

Портпарол на хуманитарна организација на ОН во четврток кажа дека некои од Јазидите биле спасени и дека ОН се подготвува да им помогне. Тој кажа дека околу 200.000 луѓе го напуштиле регионот во изминативе денови.

XS
SM
MD
LG