Линкови за пристапност

НАТО предупредува дека Русија може да испрати „мировници“ во Украина


Западната воена алијанса вели дека Русија ги зголемила своите трупи по должина на украинската граница последниве денови

НАТО предупредува дека Русија може да испрати трупи во источна Украина како мировничка мисија.

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску во среда кажа дека Русија може да искористи хуманитарна или мировничка мисија како изговор да испрати трупи во источна Украина. Западната воена алијанса вели дека Русија ги зголемила своите трупи по должина на украинската граница последниве денови доведувајќи ја цифрата на околу 20.000 заедно со голем број тенкови, пешадија, специјални сили и авиони.

Исто така во среда полскиот премиер Доналд Таск кажа дека заканата од руска интервенција во Украина пораснала во последниве неколку денови. Таск на новинарите им кажал дека неговата влада има причина да се сомнева дека „ризикот од директна интервенција е повисок отколку пред неколку дена“.

Во меѓувреме, рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу, кажа дека мировните единици на руските вооружени силитреба да бидат во состојба на „постојана борбена подготвеност“. Тој ова го кажа додека набљудувал вежби на мировна единица во база на јужниот руски регион Самара.

Во вторник, Русија ги поттикна ОН да преземат моментална акција за справување со хуманитарната криза во Украина, но САД кажаа дека Русија има начин тоа да го запре.

XS
SM
MD
LG