Линкови за пристапност

Путин наредил забрана на увоз од држави кои поставиле санкции


Декретот наредува неговата влада да направи листа на увезени производи кои треба да бидат забранети во Русија во текот на следната година.

Рускиот претседател Владимир Путин потпишал декрет за забрана или лимитирање на увоз на земјоделски производи од држави кои поставиле санкции спрема Русија.

Руските државни медиуми го објавија потегот во среда, велејќи дека Путин наредил неговата влада да реши по листата на увезени производи кои треба да бидат забранети во Русија во текот на следната година. Путин не специфицираше производи во неговиот декрет.

САД и ЕУ поставија економски санкции спрема Русија како одговор на руската анексија на Кримскиот Полуостров од Украина и снабдувањето на проруските сепаратисти во источна Украина со оружје и друга поддршка.

Во меѓувреме, рејтингот на претседателот Путин достигна 87 проценти во истражување на јавно мислење спроведено меѓу први и четврти август, од независниот центар Левада, што е пораст од 85-те проценти во јули. Тој со истражување на Левада и друг пат имал рејтинг од 87 проценти, во декември 2007-ма. Како премиер неговиот рејтинг достигнал 88 проценти во септември 2008-ма.

Центарот Левада исто така нашол дека анти-американското расположение во Русија е на рекордно високо ниво. Истражување направено од 18 до 21-ви јули покажало дека 34 проценти од испитаниците нивните чувства спрема САД ги опишале како „главно лоши“ и 40 проценти како „многу лоши“.

XS
SM
MD
LG