Линкови за пристапност

Италија во нова рецесија


Третата по големина економија во еврозоната покажа намалување во периодот април-јуни, што уследи по падот од претходното тримесечје.

Европскиот евро-блок од 18 држави е соочен со нов економски притисок, со неочекуваното паѓање на економијата на Италија, трета по големина во Европа, во рецесија.

Италија во среда кажа дека економијата се намалила за две десетини од процентот во периодот од април до јуни, што уследи по намалувањето од првото тримесечје. Ова е трет пат Италија да се лизне во рецесија од 2008-ма.

Во меѓувреме, Германија, најголемата економија од еврозоната, соопшти дека производствените нарачки опаднале во јуни со најбрза стапка во речиси три години. Берлин кажа дека геополитичкиот ризик довел до „резервираност“ во нарачувањето.

Аналитичарите велат дека политичките тензии во Европа во врска со интервенцијата во Украина и најновите економски санкции што Европа и САД ги поставија на Москва се закана за слабото економско опоравување на еврозоната што започна пред повеќе од една година.

Економијата на еврозоната напреднала за слаби две десетини од процентот во првата четвртина на годината. Европската централна банка предвидуваше еден процент растеж за целата 2014-та.

Претставници на банката се среќаваат во четврток, но аналитичарите велат дека не е веројатно дека ќе одобрат нова политика за поттикнување на економијата на еврозоната додека чекаат на ефектите од стимулативните мерки што ги усвоија во јуни.

XS
SM
MD
LG