Линкови за пристапност

Можен лек за проблемите со меморијата кај Алцхајмеровата болест


Истражувачи од Универзитетот Јејл велат дека соединението наречено ТЦ-2153 се покажало добро кај глувци со когнитивни проблеми заради болеста.

Истражувачите на Школата за медицина на Јејл откриле лек што може да ја сврти насоката на когнитивните недостатоци видени кај Алцхајмеровата болест.

Длабоките проблеми со краткорочната меморија се главно обележје на Алцхајмеровата болест, вид на деменција која зафаќа десетици милиони луѓе во светот. Пореметувањето на мозокот главно напаѓа постари лица, во нивните 70-ти, 80-ти и 90-ти години на животот. Причината се` уште не е позната.

Соединението што може да поврати когнитивната попреченост е наречено ТЦ-2153. Тоа ги апсорбира негативните ефекти на протеинот наречен СТЕП. Зголеменото ниво на СТЕП ги попречува другите видови протеини кои се круцијални за учење и меморија. СТЕП исто така ги ослабува синоптичките споеви, просторот меѓу нервните клетки низ кои се движат нервните импулси. ТЦ-2153, според истражителите го блокира СТЕП, зајакнувајќи ги невронските врски.

Истражувачите пишуваат во журналот за биологија ПЛОС дека една доза употребена на глувци со Алцхајмерова болест се покажала добро во некои когнитивни тестови.

Истражувачите велат дека работата на идентификување на СТЕП меѓу илјадници мали молекули траела пет години. Следно тие планираат да биде тестирање на соединението на поголеми животни со когнитивни дефицити.

XS
SM
MD
LG