Линкови за пристапност

Примирјето во Газа трае втор ден


Делегации на Израел и Хамас се подготвуваат за разговори во Каиро.

Кревкото, 72-часовно примирје во Појасот Газа се одржува веќе втор ден во среда, додека делегати на Израел и Хамас се подготвуваат за разговори во Каиро чија цел е продолжување на примирјето.

Ова е најдолга пауза за последниот месец на борби во кои загинаа повеќе од 1.800 Палестинци, главно цивили. Шеесет и седум Израелци, вклучувајќи и тројца цивили, се убиени.

Пред разговорите со посредство на Египет, државниот секретар на САД Џон Кери за БиБиСи Њуз кажа дека двете страни треба да направат отстапки.

Кери кажа дека САД поддржуваат давање повеќе слобода на Палестинците во Газа. Но тој предупреди дека ова „мора да дојде со поголема одговорност спрема Израел, што значи предавање на ракетите“, од кои илјадници биле лансирани од страна на Хамас во Израел последниве неколку недели.

Хамас притискаше Израел да ја прекине блокадата што ја задуши економијата на Газа и ги спречи Палестинците да ја напуштат пренаселената и сиромашна енклава.

Израел вели дека е расположен само да ги олесни рестрикциите на Газа ако добие гаранции дека Хамас нема да биде во состојба да ја искористи таа слобода да увезе ракети или друго оружје.

XS
SM
MD
LG