Линкови за пристапност

Нигерија потврди втор смртен случај од вирусот ебола


Покрај починатото лице има пет други случаи на заразеност од болеста, што ја зголемува загриженоста за ширење во најнаселената африканска држава.

Нигериски официјални лица потврдија пет нови случаи на ебола во Лагос и втора смрт од болеста.

Министерот за здравство Онјебучи Чукву вели дека медицинското лице кое го третирала првиот смртен случај од ебола, либерискиот Американец Патрик Соер, умрело по заразувањето од истиот вирус.

Новите случаи ја зголемуваат загриженоста дека смртоносниот вирус ќе се прошири во најнаселената африканска држава. До сега, многу помалите Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја беа епицентар на избивањето на еболата што уби близу 900 лица оваа година.

Оваа недела, Светската банка вети до 200 милиони долари за да им помогне на трите африкански нации да ја стават под контрола болеста, да ги подобрат системите за јавното здравје и да им помогнат на заедниците да се справат со економското влијание на кризата.

Во меѓувреме, вториот американски хуманитарен работник кој бил заразен со ебола во Либерија се вели дека се чувствува нешто подобро.

Ненси Рајтбол е третирана во болницата на Универзитетот Емори во Атланта, каде во вторник беше пренесена од Либерија со посебен авион.

Нема одобрен лек ниту вакцина за еболата. Сега е во употреба експериментален лек направен од листови на тутун.

XS
SM
MD
LG