Линкови за пристапност

Во Кабул убиен американски офицер


Освен загинатиот Американец, американски претставник за Гласот на Америка кажа дека други 15 меѓународни војници биле ранети.

Лице во авганистанска униформа отворило оган врз меѓународни трупи, убивајќи најмалку еден американски офицер во вторник, во како што изгледа најнов таканаречен „напад од внатре“.

Меѓународните сили за безбедносна асистенција потврдија дека еден офицер на ИСАФ бил убиен, а и други извори потврдија дека тој бил Американец. ИСАФ објави малку детали велејќи само дека тоа се случило во Универзитетот за национална одбрана Маршал Фахим, во Кабул.

Освен загинатиот Американец, американски претставник за Гласот на Америка кажа дека други 15 меѓународни војници, вклучувајќи и Американци, биле ранети. Високорангиран германски офицер бил меѓу ранетите.

Авганистанското Министерство за одбрана кажа дека напаѓачот, опишан како терорист, бил убиен. Американски и авганистански официјални лица потврдија дека тој носел авганистанска воена униформа.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осудил нападот и изразил сочувство за жртвите.

XS
SM
MD
LG