Обама треба ова да го соопшти во вторник на Американско-африканскиот бизнис форум во Вашингтон, што е дел од тридневниот самит што го инволвира Обама и 50 африкански шефови на држави.
Претставник на Белата куќа вели дека инвестициите вклучуваат проекти во областа на енергијата, банкарството, градежништвото и информатичката технологија.
Самитот на американско-африканските лидери беше отворен во понеделник со форуми кои се однесува на различни прашање, како регионалната безбедност, здравството, животната средина и корупцијата.
Американскиот државен секретар Џон Кери ги поттикна учесниците да се стремат кон демократија, владеење на правото и поединечни права во нивните држави.
Американскиот потпретседател Џо Бајден кажа дека африканскиот континент има некои од светските најбрзо растечки економии, и дека тие држави ќе помогнат да се формираат идните развони процеси во светот.
Претседателот Обама е домаќин на вечера приредена за африканските лидери во Белата куќа, во вторник навечер.