Линкови за пристапност

Украинските бунтовници обвинети за отежнување на хуманитарните напори


Хјуман рајтс воч вели дека бунтовничките напади на медицинскиот персонал и објекти ја компромитирале способноста на цивилни пациенти да добијат третман.

Додека украинските сили го стеснуваат обрачот околу клучниот град контролиран од проруските сили во источна Украина, група за човекови права ги обвинува бунтовниците за влошување на хуманитарната криза предизвикана од четиримесечната криза во регионот.

Хјуман рајтс воч со седиште во САД во вторник објави соопштение велејќи дека бунтовничките напади на медицинскиот персонал и објекти „ја компромитирале способноста на цивилни пациенти да добијат третман“. Групата вели дека сепаратистичките сили украле и уништиле медицинска опрема и мебел во болницата, киднапирале амбулантни возила и ги користеле истите за транспорт на нивни борци.

Хјуман рајтс воч исто така вели дека најмалку двајца медицински работници биле убиени во гранатни напади што најверојатно биле изведени од украински сили.

Украински претставници на одбраната во понеделник кажаа дека се во тек подготовки за преземање на источниот град Донецк што е под контрола на бунтовниците и последното упориште на силно вооружените проруски сепаратисти кои бараат автономија од Киев.

XS
SM
MD
LG