Играње видео игри може да биде добро за децата, но само ако тие не минуваат премногу време на тоа. Нова студија од универзитетот Оксфорд сугерира дека играње помалку од еден час дневно се асоцира со подобро прилагодени деца и тинејџери.
Истражувачите испитале близу 5.000 британски млади лица, меѓу 10 и 15 години возраст, за тоа колку време минуваат со видео игри, колку се задоволни со нивните животи и како се сложуваат со нивните пријатели и соученици. Нашле дека тие што минуваат помалку од една третина од нивното слободно време со електронски игри имале највисоко ниво на социјализираност и задоволство, споредено со оние кои воопшто не играле игри или оние кои минувале три или повеќе часа во играње видео игри.
Но, во целина, студијата објавена во журналот Педијатрикс, сугерира дека влијанието на видео игрите – за добро или за лошо – се губи во споредба со други фактори, како семејната динамика, пријателствата и сиромаштијата.
Сепак, друга студија, од истражувачи во колеџот Дартмунд, нашла дека тинејџерите кои играат видео игри во кои има насилство и глорифицирање на ризик поголема веројатност има да се ангажираат во високо-ризично однесување. Претходни студии ги поврзуваа овие игри со зголемена адолесцентна агресивност. Оваа студија, публикувана во Журналот за персоналитет и социјална психологија, е првата што ги идентификувала ефектите надвор од агресијата, до користење дрога, ризично возење и небезбедно сексуално однесување.
Во текот на четири години, истражувачите им поставиле на над 5.000 американски тинејџери серија прашања во врска со нивното искуство со игри засновани на анти-социјални ликови. Тие нашле дека ваквите игри влијаат на тоа како тинејџерите се гледаат себе си, правејќи ги побунтовнички и поттикнувајќи ги на ризични авантури.
Финансиски аналитичари процениле дека светскиот пазар на електронски игри до 2017-та ќе вреди над 100 милијарди долари.