Линкови за пристапност

Палестинците го обвинуваат Израел за прекршување на примирјето


Спасувачки работници во градот Газа велат дека во израелски воздушен напад на бегалски камп е убиено осумгодишно девојче и ранети 30 лица.

Официјални лица велат дека нападот на бегалскиот камп Шати се случил во понеделник, само неколку минути во привремеиот прекин на огнот објавен од Израел.

Израелската армија вели дека врши истрага по извештајот.

Израел вели дека во понеделник одржува примирје во поголем дел на Појасот Газа за да им дозволи на Палестинците приод до хуманитарна помош и разместените цивили да се вратат во нивните домови.

Само неколку часа пред примирјето да стапи во сила, израелски воздушен напад убил палестински лидер на милитантите. Група на исламски Џихад кажа дека командантот на северниот дел а Појасот Газа, Данјал Мансур, загинал кога бил погоден неговиот дом.

Израел поставил тенкови во близина на границата на Газа во понеделник, пред примирјето да стапи во сила.

Хамас, кој ја контролира Газа, вели дека е скептичен за соопштението за примирје и ги поттикнал Палестинците во Газа да „бидат претпазливи“.

Порано, израелски воздушен напад во јужниот град Рафах во Газа убил најмалку 10 цивили кои побарале засолниште во училиште на ОН.

Израелската армија подоцна кажа дека целта биле осомничени милитанти во близина на училиштето и кажа дека „ги ревидира последиците“ од нападот. Израел исто така кажа дека дека понеделничкото примирје нема да се однесува на на Рафах, каде армисите операции ќе продолжат.

Ова е трет пат во 10 дена училиште на ОН да биде цел на смртоносни експлозии кои предизвикаа меѓународна осуда. Последниот напад исто така донесе осуда од страна на шефот на ОН Бан Ки-мун, кој го нарече „морално згрозување и криминален акт“. Американскиот Стејт Департмент го нарече „ужаснувачки“.

XS
SM
MD
LG