Линкови за пристапност

САД соочени со тешка криза на својата граница


Растечки наплив на илјадници деца, кои преземаат опасно патување од Хондурас, Гватемала и Ел Салвадор во потрага по подобар живот во САД

САД неделава депортирале 38 деца и нивните мајки во Хондурас во, како што ветуваат дека ќе бидат, редовни летови на враќање на илегални централноамерикански имигранти назад во нивните домашни земји.

Но САД тешко се справуваат со растечкиот наплив на илјадници деца, понекогаш со нивните мајки, а понекогаш сами, кои преземаат опасно патување од Хондурас, Гватемала и Ел Салвадор во потрага по подобар живот во САД. Околу 90.000 деца без придружба може да бидат предадени на границата оваа година, повеќе од три пати во однос на претходните години.

Имиграционата криза по должина на југозападната американска држава Тексас, е ново искуство за државата, кога централноамерикански, а не мексикански имигранти сакаат да се преселат во САД.

Компликација на кризата е законот од 2008-ма што на децата кои влегуваат во САД им дава право на распит во имиграционен суд за да се утврди дали треба да им биде даден азил од хуманитарни причини или да бидат испратени дома.

Сепак, секретарот за домашна безбедност на САД, Џеј Џонсон вели дека САД се определени да го вратат големиот наплив од централноамерикански имигранти во нивните држави.

XS
SM
MD
LG