Линкови за пристапност

Голем христијански празник во светот


Христијаните во светот во петок го одбележуваат распнувањето на Исус.

Денот е познат како Голем Петок.

Христијаните на Светата Земја го комеморираат распнувањето во молитви и миси во Стариот град на Ерусалим.

Христијанските аџии во Ерусалим минаа по рутата за која се верува дека ја минал Исус на пат до распнувањето.

Тие носеа дрвени крстови и ги проследија 14-те станици на крстот, завршувајќи кај црквата изградена на местото каде се верува дека било местото каде Исус бил распнат, закопан и од каде воскреснал.

Во недела Христијаните го слават Белигден, денот кога верниците велат дека Исус воскреснал од мртвите.
XS
SM
MD
LG