Линкови за пристапност

Енергијата и Украина – теми на разговорите на Обама во ЕУ


Обама кажа дека рускиот енергетски сектор би можел да биде следната цел за економски санкции од САД и ЕУ

Американскиот претседател Барак Обама вели дека меѓународната заедница е обединета во својата определба да ја изолира Русија заради анексијата на Крим и дека прашањето ја нагласува потребата Европа да најде други извори за своите енергетски резерви.

Обама зборуваше во среда во Брисел по средбата со лидери на ЕУ за иднината на европските енергетски потреби, како и за кризата во Украина. Тој кажа дека рускиот енергетски сектор би можел да биде следната цел за економски санкции од САД и ЕУ.

Обама исто така во среда се среќава со претставници на НАТО. На новинарите во Брисел тој им кажа дека на НАТО му треба редовно присуство во државите кои се чувствуваат ранливи спрема Русија. Тој рече дека ситуацијата во Украина е потсетување дека „слободата не е бесплатна“ и додаде дека колективната одбрана значи дека „секој треба да допринесе“ за да се одржи силата за одвраќање.

Разговорите на Обама во Европа се очекува натамошно да ја зацврстат опозицијата на Западот на руската анексија на Крим од Украина.
XS
SM
MD
LG