Властите во северозападната американска држава Вашингтон велат дека бројот на загинати во масивно лизгање на земјиштето пораснал на осум, а најмалку 18 лица се исчезнати.
Портпарол на пожарникарите доцна синоќа кажа дека не се слушнати знаци на живот во купиштата отпад на површина од 2,6 квадратни километри, но дека ќе продолжат да бараат преживеани и во понеделник.
Ѕид од кал, дрвја и камења се лизнал по планина во рурална област северно од Сиетл во саботата. Притоа се уништени 30 куќи и повредени осум луѓе.
Официјални лица велат дека лизгањето на калта се должи на големите дождови што се впиле во земјиштето и го направиле нестабилно.