Линкови за пристапност

Тојота се согласи на порамнување со САД


Кривичната истрага заврши со 1,2 милијарди казна за Тојота

Најголемиот производител на автомобили, јапонската корпорација Тојота Мотор, признава дека намерно ја завела јавноста за смртоносни безбедносни проблеми на автомобилите пред неколку години, и се согласува да да плати 1,2 милијарди долари казна на САД за да ја порамни криминалната истрага.

Американскиот правобранител Ерик Холдер го објави решението на четиригодишниот случај во Вашингтон во среда, нарекувајќи го постапувањето на компанијата „срамно“.

Холдер кажа дека Тојота се обидела да го заштити својот корпоративен имиџ за сметка на купувачите на автомобили во светот. Тој кажа дека компанијата се ангажирала во „јасно и осудувачко злоупотребување на јавната доверба.“

Истрагата била фокусирана на тоа дека Тојота се обидела да ги скрие проблемите во врска со забрзувањето на некои од нивните автомобили во 2009 и 2010. Неисправноста довела до смртоносни несреќи кога возачите не можеле да ги контролираат нивните возила кои се движеле со голема брзина.

Тојота отповика 10 милиони возила откако проблемот излегол на виделина, но продолжиле да ги обвинуваат возачите и лошо поставените подни простирки кои ја блокирале педалата за гас до неочекувано забрзување.
XS
SM
MD
LG